За Нас

MADAL BAL е интернационална компанија, основана во Цирих во 1978 година, која успешно обединува широк спектар на бизниси и богата понуда на производи. Започнувајќи со продавница за здрава храна, таа денес брои повеќе од 350 вработени во 10 различни земји, постојано ширејќи се во различни области и дејности.

 

Бројните продавници за подароци, играчки и опрема за домаќинство - Sewa Trendshops, се наш интернационален бренд, застапен во Швајцарија, Австрија, Германија, Италија, Чешка, Словачка, Холандија, Унгарија и Македонија. Нашата компанија располага и со сопствени брендови на професионален и хоби алат: Extol, Heron, Fortum и Kito, како и батерии за бањи: Opera и Balletto, кои се продаваат низ повеќе земји во Европа и светот. Голем успех постигнуваме и на глобалниот пазар за здрава храна и чаеви, обезбедувајќи им на нашите клиенти врвни органски производи.
Сите сегменти од нашето делување се поврзани со една централна идеја: на нашите муштерии да им обезбедиме максимален квалитет, со одлична вредност.

 

MADAL BAL Македонија претставува гранка на компанијата која кај нас работи со четири дејности:

 

- Малопродажба на подароци, играчки и опрема за домаќинство во продавниците на Sewa
- Малопродажба и големопродажба на алат во нашиот продажен салон Купи Алат и во маркетите на Хубо, Електроелемент, Меркур и многу други
- Малопродажба на велосипедска, планинарска и скијачка опрема и облека во нашата продавница Outdoor
- Инвестирање, проектирање и изведба на објекти MB Construction