Локација

Резиденцијален објект ‘Ул. Новопланирана бб’, Карпош II


 

Објектот, со приземје + 6 ката + поткровје, е дел од урбаниот блок Карпош II – ‘Универзитетско – деловно – резиденцијален комплекс’. Локацијата е дефинирана со соседни парцели на север и југ, со улицата ‘Никола Тесла’ на исток и сервисната улица ‘Новопланирана’ на запад – преку која се пристапува со возило кон приватни подземни и надземни паркинг места, со што се овозможува поголема безбедност и приватност. Преку улицата ‘Никола Тесла’, која е директно поврзана со две главни улици – булевар ‘Илинден’ и булевар ‘Партизански Одреди’, се овозможува брз и ефикасен пристап до сите делови на градот. Во пешачки радиус од неполн километар се наоѓаат спортскиот центар ‘Борис Трајковски’, базенот ‘Карпош’, тенискиот клуб ‘АБЦ’, фудбалски игралишта, детска градинка, основното училиште ‘Вера Циривири – Трена’, гимназијата ‘Орце Николов’, комплексот технички факултети при УКИМ и драмскиот театар. Непосредната близина на градскиот парк дополнително придонесува за поволноста на локацијата и обезбедува здрав животен простор. Точната позиција на објектот можете да ја видите на илустрираната мапа.

 

 

Зошто ние?


 

Madal Bal е интернационална компанија, основана во Цирих во 1978 година, која успешно обединува широк спектар на бизниси и богата понуда на производи. Започнувајќи со продавница за здрава храна, таа денес брои повеќе од 350 вработени во 10 различни земји, постојано ширејќи се во различни области и дејности.


Сите сегменти од нашето делување се поврзани со една централна идеја: на нашите муштерии да им обезбедиме максимален квалитет, со добра вредност.